Почетна Убавина и здравјеПродолжува да шокира! – Убавина и здравје

Продолжува да шокира! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

По скандалот на доделувањето награди „Греми“, Канје Вест шокира со своите антисемитски изјави на социјалната мрежа „Икс“

Контроверзниот рапер Канје Вест повторно шокира со низата објави на социјалните мрежи – имено тој споделил фотографија од маица со свастика.

Раперот, кој беше исмеан на доделувањето награди Critics Choice на 7. февруари, повторно сподели низа скандалозни објави на Х и Инстаграм – што, секако, никого не го изненади. Во текот на изминатите неколку дена, во наплив од навредливи твитови, тој упати антисемитски пораки до еврејската заедница, се нарече себеси расист и изјави дека има доминација над својата сопруга, по што му се заблагодари на Илон Маск за можноста да се „издува“ и го деактивира својот профил.

Во својот последен испад, Канје сподели слика од маица со симбол на свастика, нарекувајќи ја својот „најголем уметнички перформанс“. Покажувајќи ја белата маица на сликата, под објавата напишал:

„Со години сакав да ја направам оваа маица. Мојот најголем уметнички перформанс досега“.

Низата навредливи објави продолжила и понатаму, а во еден момент тој му се вратил на пишувањето со големи букви и додал:

„Не ми се допаѓа тоа што кажав социјален експеримент. Твитувам сѐ што чувствувам и не сакам да поправам ништо. Е***е се сите.“


Поврзани објави

Во друга објава дополнително ги поддржал сопствените скандалозни изјави, велејќи:

„Нема да го правам сето ова за да можам да кажувам што сакам, а потоа да не кажам што сакам“.

Канје го нападнал основачот на брендот Fashion Nova, Ричард Сагијан, објавувајќи видео во кое бил снимен заедно со него. На снимката може да се слушне како Канје вели:

„Гледам што е ова тука, човеку“, додека ја става раката околу Ричард, кој му одговара со:

„Што има, човеку“, по што Канје вели:

„Шалом“, еврејски збор што значи мир.

Прочитајте ги сите негови скандалозни изјави ТУКА.

Поранешниот сопруг на Ким Кардашијан го поминал поголемиот дел од вчерашниот ден беснеејќи на социјалните мрежи и споделувајќи бројни контроверзни изјави. Неговите профили претходно веќе биле суспендирани или затворени на повеќе платформи, поради минатите антисемитски напади.

Само вчера, таткото на четири деца, објавил низа антисемитски и мизогини содржини, а ги нападнал и тешко болните деца, тврдејќи дека комуницира исклучиво со луѓе кои му се корисни и дека нема почит, ниту емпатија кон другите.

Како сето тоа да не било доволно, Канје, исто така, се нарекол себеси нацист и расист, велејќи дека никогаш веќе нема да се извинува за своите навредливи зборови против еврејската заедница. Во еден твит, тој напишал:

„Јас не ни знам што знчаи антисемитизам. Тоа е само некое г***о што го измислиле Евреите за да го заштитат своето г***о. Евреите, всушност, ги мразат белите луѓе и ги користат црнците.“

Ова се само дел од тешките испади на Канје Вест, а сигурно нема да бидат ни последни.