Ќерката на Зоран Заев сподели дел од летната авантура, а еден град очигледно ѝ оставил посебен впечаток.
Александра Заева летото го искористила за патување низ Шпанија, каде што посетила неколку атрактивни дестинации во друштво на својот партнер Филип Арсов. Дел од атмосферата од патувањето сподели со своите следбеници на Инстаграм.
Меѓу објавите се најдоа и моменти од Севиља, градот кој очигледно особено ја воодушевил. За фотографиите таа ја искористила познатата шпанска реченица „Sevilla tiene un color especial“, односно дека Севиља има посебна боја.
Патувањето за Александра било исполнето со прошетки, летна атмосфера и романтични моменти. Посетата на Шпанија дополнително ја збогатила и со концерт на светски познатиот The Weeknd.
Поврзани објави
Иако на социјалните мрежи не открива премногу детали за приватниот живот, фотографиите доволно покажаа дека ова лето за неа било резервирано за патувања, музика и убави моменти во друштво на саканиот.
Instagram pritnscreen