Почетна Убавина и здравјеПознатата водителка Верица Донев соопшти дека ќе стане мајка вторпат – Убавина и здравје

Познатата водителка Верица Донев соопшти дека ќе стане мајка вторпат – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Верица Донев соопшти дека го чека своето второ дете со креативна и емотивна објава на социјалните мрежи

Радост во семејството на Верица Донев! Нашата позната водителка соопшти дека е бремена. Таа и сопругот Гордан Божиновски веќе имаат син Карло, а сега го чекаат своето второ дете.

Убавата водителка вешто ја криеше својата бременост, за да ја сподели среќната вест со јавноста со емотивно и креативно видео. Имено, таа, сопругот и Карло седат на плажа со црни капчиња. Кога ќе ги свртат капчињата, кај Верица се гледа натписот „Мама“, кај Гордан пишува „Тато“, а најслаткото изненадување следува на крај, кога ќе му го свртат капчето на малиот Карло, на кое пишува „Поголем батко“.


Поврзани објави

Верица под објавата напиша „Карло ќе стане батко“, а бројни наши инфлуенсери и познати личности веднаш им честитаа и им посакаа убави желби.

На крај, Верица и Гордан покажуваат слика од ехото на новиот член на семејството, а на видеото пишува 1+1=4.

Полот на бебето се’ уште е непознат, па останува допрва да видиме дали Карло ќе добие братче или сестричка. Што мислите вие? Пишете ни во коментари!

ФОТО: ИНСТАГРАМ