Почетна Убавина и здравјеТепачка го прекина концертот на Сузана Гавазова во Пештани, шестмина приведени? – Убавина и здравје

Тепачка го прекина концертот на Сузана Гавазова во Пештани, шестмина приведени? – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Според информациите од терен, настанот се одвивал пред присутните гости, кои биле сведоци на инцидентот.

Шест лица се приведени по физичка пресметка што избила синоќа за време на концертот на Сузана Гавазова во Пештани. Инцидентот се случил пред голем број присутни, а ситуацијата дополнително се влошила откако во истиот период снемало и електрична енергија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 28 август околу 23:35 часот. По нарушувањето на јавниот ред и мир, интервенирале полициски службеници од СВР Охрид.

Во полициска станица биле приведени Т.И. (42) и М.И. (36), двајцата од Велес, Г.М. (52) и А.Т. (45) од Пештани, како и П.Б. (21) од Битола и Н.Г. (19) од Прилеп.

Физичката пресметка се случила додека траел настапот, по што концертот бил прекинат. Според информациите од терен, настанот се одвивал пред присутните гости, кои биле сведоци на инцидентот.

Дополнителна непријатност предизвикал и прекинот на електричната енергија. Просторот каде што се одржувала веселбата во еден момент останал без осветлување, односно во целосен мрак.

По интервенцијата на полицијата, шесте лица биле приведени, а за случајот се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на настанот.

Screenshot facebook – ohrid1.com