Крушево денес беше во знакот на параглајдерството, авантурата и прекуграничната соработка, со официјалното отворање на „Крушево 2026“ – Јуниорското светско првенство во параглајдерство.
Во рамки на настанот беше промовиран и проектот „Крушево и Елбасан – Патување во природата и авантурата“, кој ги поврзува двете дестинации преку природата, спортот и одржливиот туризам.
Проектот предвидува уредување на нови полетувалишта за параглајдери во Крушево, унапредување на Спортско-рекреативниот центар „Гуменје“, како и изградба на нов авантуристички парк во Фунар, Елбасан.
Првите демонстративни летови од новите полетувалишта на Црн Врв ја покажаа потенцијалната вредност на оваа прекугранична соработка, додека манифестацијата „Вкусот на Крушево“ на учесниците и гостите им понуди можност да се запознаат со локалната традиција и гостопримство.
Двете дестинации со заедничка визија продолжуваат да создаваат нови можности за развој на природниот, авантуристичкиот и одржливиот туризам.
Post Views: 68