Изборот на Бургас за домаќин на Евросонг не само што ја поттикна расправијата меѓу луѓето, туку и стана предмет за политичка пресметка. Особено најгласни и најсреќни се од ГЕРБ, бидејќи градоначалникот на Бургас, Димитар Николов доаѓа од таа партија.
Пофалбите оат на арес на Николов што успеал да ги убеди и раководството од ЕБУ и БНТ токму Бургас да е домаќин иако најголемата сала за вакви светски манифстации се наоѓа во Софија.
-Бургас ќе го организира бугарското домаќинство на Евровизија. Убеден сум дека општината веќе заврши половина од работата, а другата половина ќе ја заврши во наредните месеци. Најзначајната предност на Бургас во однос на Софија е што крајбрежниот град има градоначалник. Софија нема градоначалник веќе три години, напиша Тома Биков од ГЕРБ придружувајќи се на коментарите на социјалните мрежи во кои се критикува организацијата на кандидатурата на главниот град, пренесува actualno.com.
„Софија штотуку доби силна шлаканица во врска со нејзината подготвеност да биде домаќин на светски настан од ранг на Евровизија. Во причините за избор на градот јасно беше споменат терминот „инженерска подготовка“! Секако, проценката е сложена и не се базира само на еден критериум“, коментираше Марио Евстатиев, експерт во Одделот за транспорт и безбедност на патиштата при Општинскиот совет на Софија.
Тој, пишува порталот, ги посочил главните слабости на главниот град:
„Инфраструктура: Да бидеме објективни, Софија се распаѓа! Буквално насекаде одиме по распаѓачки тротоари, плочки што се движат секоај во свој правец, подвозници што се како сетови за хорор филм. Инфраструктурата во градот е целосно запоставена и долго време е во рубриката „под каква било критика“. На места, дури е небезбедна за животот и здравјето на луѓето. Грдоначалникот на Софија треба да почне да анализира зошто нашиот главен град доби таква шлаканица и покрај убедувањата дека Евровизија ќе се одржи во Софија“, додаде тој.
Стефан Марков, општински советник од ГЕРБ вели дека Софија има најголема сала во земјата, најголем меѓународен аеродром, најсериозна хотелска база, метро, развиен јавен превоз и огромен капацитет за одржување меѓународни настани. Но…?
„Градоначалникот Васил Терзиев лично пред два месеци објави дека „Софија е подготвена“. Денес разбираме дека некој друг бил очигледно поподготвен. Затоа очекувам општина Софија јавно да одговори: Што точно предложи Софија во својата кандидатура? Каква оценка добивме според поединечните критериуми и по кои од нив Бургас нè победи? Кои дополнителни прашања и појаснувања беа побарани од БНТ и ЕБУ и што одговори општина Софија? Што предложи Бургас, а Софија не предложи?“, категоричен е Марков.
Според него, „Евровизија“ значи десетици илјади гости, огромен меѓународен медиумски интерес, приходи за хотели, ресторани, транспорт и бизниси, како и рекламирање на градот пред милиони луѓе, а кога Софија ќе ја изгуби таквата можност, граѓаните имаат право да знаат зошто.
„Софија не одговара за домаќин на Евровизија. Не е пријатно да се пречека фестивалот заглавени со антимафијашко ѓубре“, напиша Георг Георгиев од ГЕРБ.
Поделени се мислењата и на обичните луѓе. Додек едни му честитаат на Бургас, други на социјалните медиуми пишуваат дека „Софија е валкана и темна“…