Општина Карпош презема дополнителни мерки за намалување на ризикот од ширење на западнонилската треска, информира градоначалникот Сотир Лукровски.
Во рамки на превентивните активности веќе е извршено дополнително авионско третирање против ларви на комарци, а најавено е и вечерно теренско прскање против возрасни комарци.
Од општината апелираат граѓаните да не оставаат вода во дворови, на тераси, во саксии, садови и резервоари, бидејќи застоената вода е погодно место за размножување на комарците.
Граѓаните се повикуваат и да не допираат мртви птици со голи раце. Доколку забележат угината птица, случајот треба да го пријават на 112 или во Агенцијата за храна и ветеринарство на 0800 3 22 22.
Од Општина Карпош посочуваат дека мерките се спроведуваат во координација со Град Скопје и надлежните институции, со цел навремено да се намалат ризиците.