Почетна Убавина и здравје(Фото) Помладата ќерка на Здравко Чолиќ потрошила 10.000 евра на роденденот во Кан? На тортата напишана безобразна порака

(Фото) Помладата ќерка на Здравко Чолиќ потрошила 10.000 евра на роденденот во Кан? На тортата напишана безобразна порака

од nenad
1 минути читај за

Помладата ќерка на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, Лара, го прославила 20-тиот роденден во луксузниот Кан, Франција, а сега на социјалните мрежи се појавија фотографии од раскошната роденденска прослава.

Не е тајна дека Чолиќ не штеди на своите наследнички, па затоа не му било проблем да издвои околу 10.000 евра за својата помлада ќерка, што, според медиумите, е цената на ВИП местата во клубот каде што била Лара, пишува српски „Мондо“.

Инаку, Лара Чолиќ како место за својата гламурозната прослава го избрала прочуениот клуб и ресторан, кој се наоѓа во Марина Порт Канто на познатиот булевар Ла Кроазет во Кан. Ова ексклузивно место е познато по тоа што ги собира светскиот џет-сет, славните личности и меѓународната елита.


Поврзани објави

Посебно внимание на следбениците привлекле и шеговитата порака на тортата: „Е…е, веќе имам 20 години!“.

Инаку, ова не е првпат помладата ќерка на Чола да го привлече вниманието на јавноста со атрактивни и провокативни објави на социјалните мрежи.

Неодамна, вниманието го привлече нејзината фотографија во прегратката на контроверзниот рапер Драгомир Депсиќ Десингерица, како и нејзините изданија во црна чипка со подвески и минијатурен фустан од една прослава.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин