Речиси секој барем еднаш си помислил дека во хотел спие подобро отколку дома. Дел од тајната се крие токму во перниците.
Кога ќе влезете во хотелска соба, веднаш се забележуваат големите, меки и беспрекорно наместени перници. Многумина мислат дека хотелите користат поскапи материјали, но вистината е дека удобноста зависи од повеќе фактори.
Хотелите најчесто користат перници со средна цврстина кои одговараат на најголем број луѓе. Освен тоа, тие редовно ги заменуваат, професионално ги перат и секојдневно ги „раздувуваат“, со што ја задржуваат нивната форма и мекост.
Поврзани објави
Според експертите за спиење, голема улога игра и начинот на кој се редат повеќе перници една врз друга. Ова создава впечаток на поголема удобност, а истовремено овозможува секој гостин да избере положба што најмногу му одговара.
Доколку сакате слично чувство и дома, не мора да купувате скапи хотелски модели. Доволно е редовно да ги менувате перниците, правилно да ги одржувате и да изберете модел што одговара на вашата положба при спиење.
ФОТО: Freepik