Од полноќ стапија на сила новите, повисоки цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени за два до два и пол денари по литар.
Според одлуката, Еуросупер БС-95 поскапе за два денари, додека Еуросупер БС-98 и дизелот се зголемија за 2,50 денари за литар. Со тоа, цените на горивата повторно се придвижија нагоре, што директно влијаат врз трошоците за транспорт и секојдневниот живот.
Покрај бензините и дизелот, поскапеа и цената на мазутот, кој порасна за 0,846 денари за килограм, додека екстра лесното масло за домаќинство забележа намалување од 0,50 денари за литар.
Според новите пресметки, Еуросупер БС-95 чини 87 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава за 89 денари, а дизелот достигна цена од 92 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 93,50 денари за литар.
Просечното зголемување на цените изнесува 1,84% во однос на претходната одлука од минатата недела.