Фото:Diving Center Amfora
Овој викенд во водите на Охридското Езеро, со централна локација во Автокамп Градиште, успешно се реализираше голема регионална еколошка акција за чистење на подводниот свет, во организација на Нуркачкиот Центар Амфора.
Во акцијата учествуваа вкупно 80 нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, обединети со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа. Фото:Diving Center Amfora
Во текот на акцијата беше отстрането големо количество отпад од дното на езерото, со што уште еднаш се испрати силна порака за значењето на еколошката свест, заштитата на природата и регионалната соработка.
Post Views: 35