Почетна Убавина и здравјеЈаков Јозиновиќ во Белград носеше кошула со моќна порака: „Да љубовта повторно биде во мода“

Јаков Јозиновиќ во Белград носеше кошула со моќна порака: „Да љубовта повторно биде во мода“

од nenad
1 минути читај за

Младиот пејач Јаков Јозиновиќ одржа дури десет концерти во белградскиот „Сава центар“, а освен со музиката, публиката ја освои и со емотивната порака што ја испрати од сцената.

На еден од последните концерти тој се појави во едноставна бела кошула, но вниманието го привлече натписот на грбот: „Да љубовта повторно биде во мода“.

Фотографиите и видеата брзо се проширија на социјалните мрежи, каде многумина коментираа дека станува збор за силна и емотивна порака во време кога, според нив, луѓето сè помалку покажуваат искрени емоции.

Особено емотивен беше неговиот десетти и последен однапред закажан концерт во „Сава центар“, кој заврши со солзи и овации од публиката.

Во еден момент Јаков се расплака на сцената и падна на колена, видно совладан од емоциите и реакцијата на публиката.

@svetpoznatih5

@Jakov Jozinovic 👏❤️ . . . #jakovjozinovic #beogradskaarena #viral #fyp

♬ original sound – svetpoznatih5


Поврзани објави

За време на концертот тој го најави и својот следен голем чекор во кариерата.

„Додека настапував во МТС дворана, го најавив ‘Сава центар’, а сега ја најавувам Белградска арена“, им порача пејачот на присутните.

Публиката го награди со долг аплауз и гласни овации, а атмосферата во салата беше исполнета со силни емоции.

Јаков Јозиновиќ последниве месеци важи за едно од најголемите регионални музички откритија, а неговите концерти во Белград беа распродадени за кратко време.

 

Фото: Тик Ток Принтскрин