Младата пејачка Ема Радујко наводно се соочува со сериозни проблеми во кариерата, откако според српските медиуми добила забрана за настапи и објавување нови песни. Причина за тоа, како што се тврди, е конфликт со нејзината поранешна менаџерка и нерешен договор кој сè уште е активен.
Според извори блиски до естрадата, Ема сакала да го раскине договорот, но не ги исплатила договорените пенали. Поради тоа, наводно нема право да го монетизира својот труд, што значи дека не смее да договара настапи, ниту јавно да објавува нови музички проекти додека не истече договорот.
Поврзани објави
Во целата приказна повторно се споменува и пејачката Теодора Џехверовиќ, која порано работеше со истата менаџерка. Медиумите пишуваат дека нивните наводни кавги во минатото биле дел од маркетиншки трик, но дека подоцна настанале вистински несогласувања поради растечката популарност на Ема.
Иако засега нема официјална потврда од пејачката, приказната веќе предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Дел од фановите сметаат дека станува збор за голем естраден конфликт, додека други веруваат дека Ема наскоро ќе најде решение и повторно ќе се врати на сцената.
printskrin youtube -ema radujko – wtf radio