Почетна ЕкономијаДоналд Трамп пристигна во Пекинг

Доналд Трамп пристигна во Пекинг

од nenad
1 минути читај за

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Пекинг, престолнината на Народна Република Кина.

За утре наутро, според локалното време, е закажана средба со неговиот колега, претседателот на Кина, Шји Џинпинг. Главни теми на разговорите ќе бидат трговските односи, билатералната соработка и безбедносните предизвици.

При неговото пристигнување на аеродромот, Трамп беше соодветно дочекан со воени почести и присуство на воен оркестар. Од кинеска страна, го пречека делегација предводена од потпретседателот Хан Женг.

На пистата, група од 300 млади Кинези, облечени во препознатливи сино-бели униформи, ги поздравија гостите со веење на кинески знамиња.

Во придружба на американскиот претседател во Пекинг се државниот секретар Марко Рубио, министерот за одбрана Пит Хегсет и трговскиот претставник Џејмисон Грир.

Во меѓувреме, американскиот министер за финансии Скот Бенер се очекува да пристигне во Пекинг по патување од Сеул.

Во американската делегација се вклучени и значајни претставници од деловниот свет. Меѓу нив се извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, Илон Маск од „Тесла“, извршниот директор на „Боинг“, Кели Ортберг, како и претставници од водечките компании како „БлекРок“, „Голдман сакс“, „Виза“, „Мастеркард“ и други.

Извор: МИА /