Ѕвездата од серијата „Досие Икс“ изгледала гламурозно во својот крем миди-фустан со цветен вез и соодветни кафени потпетици
Актерката Гилијан Андерсон вториот ден на Филмскиот фестивал во Кан се појавила со нов, смел изглед, заменувајќи ја својата рамна коса со драматични кадрици. А новата смела фризура ја искомбинирала со златен фустан со цветен вез.
Во последно време, гласно се зборува и за природниот изглед на актерката, па се вели дека намерно му ги потенцира своите брчки на лицето на затегнатиот, ботоксиран Холивуд.
Од друга страна, таа важи за една од најсексапилните актерки на годинешниот Кански фестивал, иако ја гази шестата деценија во животот.
Таа гордо позира на 57 години, а мора да признаеме дека ѕвездата од серијалот „Досие Икс“ изгледала многу гламурозно во својот крем миди-фустан со цветен вез и соодветни кафени обувки на потпетици.
Нов проект на Гилијан Андерсон
Поврзани објави
Гилијан во Кан го претставува филмот „Тинејџерски секс и смрт на кампот Миазмо“, во режија на Џејн Шенбрун. Џејн, која се открила како трансродово лице во 2020 година, претходно открила дека се соочила со бројни предизвици за време на снимањето на филмот, но независните компании План Б и Муби на крајот им понудиле финансиска поддршка.
Филмот треба да ја отвори програмата „Извесен поглед“ на годинешниот Кански фестивал пред неговата премиера во киносалите на 7 август.
Џејн, исто така, ја пофалила „гротескната“ изведба на Гилијан, како повлечена актерка која зазема централно место.
„Речиси се чувствува како да е Џим Кери во одредени моменти“.
Филмскиот фестивал во Кан започна со церемонија за отворањето со ѕвездите во вторникот, кога Деми Мур им се придружи на режисерката на филмот „Хамнет“, Клое Жао, и на актерот Стелан Скарсгард во жирито за годинешната смотра.
Организаторите го претставија деветчленото жири кое ќе ги оценува филмовите во конкуренција на годинешниот фестивал на француската ривиера во мај. Како што беше претходно најавено, јужнокорејскиот филмски режисер Парк Чан-вук е претседател на жирито.
ФОТО: ИНСТАГРАМ