Питата со вишни е идеален избор и за гостите и за моментите кога сакате да ги изненадите најблиските со нешто навистина вкусно.
Овој старински рецепт за сочна пита е еден од оние десерти што будат спомени од детството. Освен што е исклучително вкусна, се приготвува брзо и едноставно.
Потребни состојки
🔹 400 г павлака
🔹 3 јајца
🔹 1 прашок за печиво
🔹 100 г шеќер + уште 100 г за филот
🔹 100 мл масло
🔹 100 г гриз
🔹 500 г готови кори
🔹 500 г вишни
Начин на приготвување:
Во длабок сад измешајте ги павлаката, јајцата, 100 грама шеќер, прашокот за печиво и маслото. Матете додека добиете изедначена смеса.
Потоа земете една кора и премачкајте ја со филот. Одозгора ставете втора кора и неа премачкајте ја со помала количина од смесата.
Поврзани објави
На едниот крај по должина наредете вишни, а потоа посипете малку шеќер и малку гриз. Завиткајте во ролат и редете ги ролатите во претходно подмачкан плех.
Постапката повторувајте ја додека ги потрошите сите кори и филот.
Печете во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути, односно додека питата добие златнокафена и крцкава кора.
Откако малку ќе се излади, исечете ја на парчиња и послужете.
Добар апетит!