Table of Contents
Кардиохирургот д-р Џереми Лондон откри четири намирници кои никогаш не ги консумира, бидејќи можат значително да го зголемат ризикот од срцеви заболувања – а еве зошто и вие би требало сериозно да размислите за нивно избегнување.
Здравјето на срцето зависи од повеќе фактори, а исхраната има клучна улога во неговото зачувување. Додека фитнес-тренерите препорачуваат храна за подобра физичка форма, а нутриционистите советуваат што треба да се избегнува, кардиохирурзите имаат особено скапоцен увид во намирниците што можат да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Д-р Џереми Лондон, познат кардиохирург, на својот тикток-профил сподели листа на четири намирници кои никогаш не ги консумира – и објасни зошто ги смета за особено штетни за срцето.
Брза храна
Можеби не е изненадување, но вреди да се потсетиме – брзата храна спаѓа меѓу најнесоодветните и најштетни избори за исхрана.
Името само по себе кажува сè. Голем дел од производите што се нудат во синџирите за брза храна не се вистинска храна, туку „јадлива супстанца“, предупредува д-р Лондон. Редовната консумација на овие продукти го зголемува ризикот од дебелина, кардиоваскуларни заболувања и дијабетес тип 2, како и од хронични воспалителни процеси во организмот.
Газирани пијалаци
Без разлика дали се работи за класични или диетални верзии, газираните пијалаци се штетни за здравјето на срцето.
– Тие се „течна смрт“, истакнува кардиохирургот. Истражувањата покажуваат дека дури и диеталните газирани пијалаци можат негативно да влијаат на метаболизмот и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања. Како замена, се препорачува вода, билни чаеви или природни инфузии од овошје.
Поврзани објави
Млечни производи
Д-р Лондон советува воздржување од консумација на млечни производи, потенцирајќи дека човекот е единствениот сисар што по завршување на детството консумира млеко – и тоа млеко од друга животинска врста.
Американската кардиолошка асоцијација препорачува избор на млечни производи со намалена маснотија или целосно нивно исклучување од исхраната, бидејќи заситените масти можат да го зголемат нивото на LDL-холестерол и да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Алкохол
Последниот совет на д-р Лондон се однесува на алкохолот, кој тој целосно го избегнува, без разлика дали се работи за чаша вино со вечера или прекумерна консумација на силни пијалаци.
Алкохолот е токсичен за секоја клетка во нашето тело. Дури и умерената консумација е штетна. Ако веќе вложуваме труд во подобрување на нашето здравје, најмалку што можеме да направиме е да престанеме свесно да го труеме сопственото тело“, нагласува д-р Лондон.
@drjeremylondon 4 foods that I absolutely avoid as a cardiac surgeon #doctor #surgeon #heartdoctor #heartattack #fypツ ♬ original sound – Dr. Jeremy London, MD
Видео: Тикток