Мек, вкусен и едноставен појадок кој се подготвува за неколку минути, а совршено оди со јогурт или кисело млеко.
Кога утрата се брзи, а сакате домашен и вкусен појадок, питулиците со сирење се вистински погодок. Милица Тодоровиќ откри дека ова е еден од нејзините омилени рецепти кога сака нешто брзо, а вкусно за целото семејство.
За подготовка се потребни: јајца, јогурт, масло, ситно сирење, брашно, прашок за пециво и малку сол. Состојките се мешаат во еден сад додека не се добие компактна смеса.
Поврзани објави
Со лажица се формираат мали питулици кои се редат во плех обложен со хартија за печење. Се печат околу 20 минути на 200 степени, сè додека не добијат златна и крцкава коричка.
Питулиците се меки, миризливи и идеални за појадок или ужина. Одлични се и за носење на работа или на училиште, а највкусни се кога се комбинираат со јогурт или кисело млеко.
printskrin youtube -alo milica todorovic