Солените мафини се совршениот избор кога ви треба брз и вкусен оброк што заситува
Солените мафини се брз и едноставен избор за појадок, ужина или мезе за гости. Меки се, сочни и може да се приспособат на различни вкусови со додатоци како сирење, шунка или зеленчук.
Состојки:
- 2 јајца
- 1 чаша јогурт (180-200 мл)
- 1/2 чаша масло
- 1 рамно лажиче сол
- 10 полни лажици брашно (бело или мешано)
- 1 кесичка прашок за печиво
Додатоци по желба:
- 100 г ситно сирење
- сечкана шунка
- рендана пиперка или тиквичка
- маслинки, пченка, сусам (по желба)
Приготвување:
1. Во чинија изматете јајца со сол додека станат пенести.
Поврзани објави
2. Додајте јогурт и масло, па добро соединете.
3. Измешајте брашно со прашок за печиво, па постепено додавајте го во течната смеса додека добиете мазна смеса без грутки.
4. По желба, додајте сирење, шунка или зеленчук и промешајте.
5. Префрлете ја смесата во подмачкани калапи за мафини или во калапи обложени со хартиени кошнички. Наполнете ги до 2/3 од висината.
6. Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-30 минути, додека мафините заруменат и стават цврсти на допир.
7. Оставете ги неколку минути да се оладат, па послужете ги топли или млаки.
Овие мафини највкусни се свежи, но може да се чуваат покриени до 2 дена и кратко да се подгреат пред послужување.
ФОТО: fahrwasser/Freepik