Жителка од блискиот угостителски објект истакна дека целата ситуација ѝ делува како реалити, ужасна и срамна…
Комшиите на пејачката Милица Тодоровиќ, од едно луксузно белградско маало, се огласија по скандалот околу нејзиниот партнер и неговата сопруга. Србија деновиве бурно реагира по информациите дека таткото на детето на Милица е оженет, а неговата сопруга јавно зборува за тешкотиите низ кои поминува со децата.
Некои комшии истакнуваат дека пејачката најчесто се појавувала сама и дека во време на бременост блескала и делувала среќно. Тие додаваат дека не можат да потврдат детали за нејзиниот партнер и дека тоа што се пишува во медиумите звучи неверојатно и шокантно.
Поврзани објави
Жителка од блискиот угостителски објект истакна дека целата ситуација ѝ делува како реалити, ужасна и срамна. Таа додаде дека не сака да коментира дали се точни информациите, но дека ако се, тоа е вистинска катастрофа.
Исто така, комшиите нагласија дека Милица е ведра и насмеана, таква каква што ја гледаме и на телевизија. Тие сметаат дека секоја жена треба да се оствари како мајка и ѝ посакуваат сè најдобро, без разлика на контроверзиите кои се појавуваат во медиумите.
printskrin youtube – blic tv – milica todorovic