Една жена одлучила 70 дена да јаде само сардини. Резултатите биле шокантни
Можете ли да замислите диета што се состои исклучиво од сардини? Токму тоа го направила медицинската сестра Џејн.
Цели 70 дена ја јадела само оваа риба, предизвикувајќи голема загриженост кај семејството и пријателите. Сепак, резултатите од нејзиниот експеримент им го привлекле вниманието на стручњаците, пишува „Метрополитен“.
Претходните диети не давале резултати
Медицинската сестра Џејн ги изненадила семејството и пријателите кога се одлучила на необичен потфат – 70 дена да јаде исклучиво сардини. Таа е висока 152 см и имала дури 82 килограми. Поради вишокот килограми се соочувала со болки во нозете. Претходните диети не дале резултати, па затоа решила да проба нешто сосема поинакво.
Нејзината секојдневна исхрана била едноставна: четири конзерви сардини распоредени во текот на денот, со додаток на MCT масло. Строго внимавала да не надмине 1500 калории дневно. Првата конзерва ја јадела наутро, две за време на ручек, а последната пред 15 часот.
Резултати
Поврзани објави
Резултатите биле изненадувачки. За два и пол месеци Џејн изгубила 13,5 килограми, болките во нозете се намалиле, а нивото на шеќер во крвта се намалило од 9 mmol/l на 6–7 mmol/l.
„Сардините ме заситуваа, немав потреба постојано да трчам до фрижидерот“, изјавила таа.
Иако многумина, вклучувајќи ги и нејзините најблиски, на почетокот не се согласувале со нејзиниот потег, Џејн покажала дека сардините можат да бидат силен сојузник во борбата против вишокот килограми и здравствените проблеми. На крај додала дека рибата воопшто не ѝ се згадила и дека планира да продолжи со ваков начин на исхрана.
Инаку, сардините се богати со протеини, даваат чувство на ситост и помагаат во зачувување на мускулната маса за време на слабеењето. Тие содржат здрави масти – омега-3 масни киселини, кои ги намалуваат воспаленијата и позитивно влијаат врз здравјето на срцето, а воедно се и извор на витамин Д, калциум и селен. Тоа придонесува за посилни коски и подобар имунолошки систем.
Секако, секоја диета носи одредени ризици, особено екстремните диети без лекарски надзор. Во случајот на медицинската сестра Џејн може да се спомне недостатокот на разновидност, бидејќи исклучувањето на други намирници може да доведе до недостиг на влакна, витамин Ц и други хранливи материи.
Исто така, конзервираните сардини често содржат многу сол, што може да го зголеми крвниот притисок. Едноличната исхрана може психолошки да го отежне долгорочното придржување кон диетата. Не треба да се занемари ни високиот внес на протеини, кој може да биде проблематичен кај лица со оштетување на бубрезите.