Пејачката отворено зборуваше за семејните односи, љубовта и стравот на сопругот да не ја изгуби врската со Лена.
Гоца Тржан призна дека и покрај стабилниот брак со сопругот Радомир Раша Новаковиќ, кај нив повремено доаѓа до кавги. Таа истакна дека најголемиот страв на Раша во тие моменти е да не му забрани да ја гледа нејзината ќерка Лена, која тој ја доживува како свое дете.
Пејачката откри дека Раша влегол во животот на Лена кога таа имала само пет години и никогаш не правел разлика меѓу „нејзино“ и „нивно“ дете. Таа се присети и на емотивниот говор што тој го одржал на роденденот на Лена, поради кој, како што вели, многумина пуштиле солзи.
Поврзани објави
Гоца раскажа и што е тоа што никогаш нема да му го заборави на својот сопруг. Во моменти на расправии, Раша со треперлив глас ја моли никогаш да не му ја одземе можноста да ја гледа Лена, нагласувајќи дека таа му е сè во животот.
Тржан призна и дека во јавноста сака да биде блиска со својот сопруг, што често предизвикува коментари од околината. Сепак, таа вели дека токму таквите ситници ја прават нивната врска силна и искрена.
printskrin youtube – goca trzan – zena rs