Почетна ЕкономијаСобранието и Бреинстер Некст потпишаа Меморандум за соработка

Собранието и Бреинстер Некст потпишаа Меморандум за соработка

од nenad
1 минути читај за

Во Собранието на Република Северна Македонија, денеска, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Собранието и Бреинстер Некст, со кој се утврдува рамка за заеднички активности насочени кон унапредување на образовното искуство и поттикнување на размена на знаења и добри практики.

Меморандумот го потпишаа претседателот на Собранието, Африм Гаши, и директорот на Бреинстер Некст, Петар Ниноски.

Соработката предвидува активности кои ќе овозможат практична вклученост на студентите преку програми за практикантство во рамки на собраниската служба, учество во реални проекти и решенија во координација со Собранието, како и размена на знаења преку сесии и гостински предавања поврзани со дигиталната трансформација и е-управувањето. Дополнително, се предвидува и учество во хакатони и натпревари, како и можност за дефинирање и други форми на соработка.

Собранието на Република Северна Македонија останува посветено на иницијативи што придонесуваат за развој на човечкиот капитал, јакнење на институционалните капацитети и поддршка на младите преку современи форми на соработка со образовниот сектор.