Композиторот се врати на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ и откри како се чувствува по повредите од Тајланд
Композиторот и продуцент Мили повторно се појави на снимањето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, откако неодамна доживеа сообраќајна несреќа во Тајланд. И покрај сериозните повреди, тој пристигна расположен и одморен, што ги израдува неговите колеги и фанови.
Несреќата се случила за време на неговиот одмор, кога паднал од мотор и завршил со скршено ребро и повреден колк. Иако инцидентот бил неодамнешен, Мили откри дека закрепнувањето тече добро и дека веќе се чувствува многу подобро.
Поврзани објави
На прашањето на новинарите дали целосно се опоравил по незгодата, тој со насмевка одговори дека е „како нов“. Неговото појавување на снимањето беше доказ дека најтешкиот период е зад него.
Мили претходно на социјалните мрежи раскажа дека несреќата се случила четвртиот ден од одморот, кога удрил во ограда поради камион што се движел во рикверц на кривина. Како што истакна тогаш, имал среќа што поминал само со скршено ребро, истегнат колк и повреди по кожата.
printskrin youtube – k1 tv – mili