Почетна Убавина и здравјеСопругата на Безос направила модна катастрофа – Убавина и здравје

Сопругата на Безос направила модна катастрофа – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

„Бадијала ѝ се сите милиони, стилот не може да се купи со пари“

Лорен Санчез и Џеф Безос не ја пропуштиле годинешната модна недела во Париз, а нивното појавување станало трема број 1 на социјалните мрежи. Покрај нивните стајлинзи што добиваат безмилосни коментари, срамот ги следи на секој чекор.

Имено, кога пристигнале на претставувањето на колекцијата на „Диор“ за пролет/лето 2026 година, една од клучните ревии на Модната недела во Париз, доживеале блам.

Додека влегувале во хотелот, Лорен Санчез, која одела на високи потпетици, се свртела кон фотографите и им се насмевнала, а додека позирала во движење, потпетицата ѝ се заглавила за вратата и само што не паднала. Ја истуркале во хотелот, а во продолжение погледнете како изгледало тоа…

„Ја стига кармата“, „Многу се занела, а кој високо лета, ниско паѓа“, „Таа сигурно би го избришала ова видео“, „Само позирањето ѝ е важно, не гледа каде оди“, вака го коментираат резилот што го доживеала Лорен Санчез на социјалните мрежи.

Покрај овој лапсус, големо внимание привлекол и нејзиниот стајлинг, кој воопшто не им се допаднал на корисниците на социјалните мрежи.

Поврзани објави

Таа се појавила во сив комплет со голем детаљ од крзно. Сето тоа го надополнила со салонки во сива боја и чанта во истата нијанса, додека Безос одбрал црн костим.

Лорен гордо шетала во стајлингот што го одбрала, но не успеала да ги импресионира критичарите. Социјалните мрежи во истиот момент се преплавиле со негативни коментари:

„Само таа може да направи Диор да изгледа толку евтино“, „Овие салонки се борат за својот живот“, „Парите не можат да купат стил, овие двајца изгледаат смешно“, „Таа дефинитивно има талент да уништи сè“, „Кога имаш многу пари, а никаков стил, тоа изгледа токму вака.“

Јавноста не ѝ го простува минатото

Лорен никако не успева да ги придобие симпатиите на јавноста. Начинот на кој ја започнала врската со Безос секогаш ќе биде црна дамка во нејзиниот живот.

Поради врската со Лорен Санчез, Безос останал без 38 милијарди долари, колку што го чинел разводот со сопругата Мекензи Скот, со која има четири деца.

За многумина, спорно било и тоа што таа запловила во новата романса додека официјално била омажена со агентот за познати личности Патрик Вајтсел, кој, инаку, му бил пријател на милијардерот.