Јелена Ѓоковиќ, сопруга на еден од најуспешните светски тенисери, со години важи за пример за здрав начин на живот. Таа отворено зборува за својата посветеност на вегетаријанската исхрана и избегнување месо, млечни производи и рафиниран шеќер.
„Мојата исхрана во голема мера се заснова на сурови намирници“, истакнува Јелена.
Кога станува збор за термички обработената храна, најчесто консумира супи, безглутенски тестенини, киноа и ориз. Таквиот начин на исхрана ѝ овозможува да одржува добро здравје, енергија и физичка кондиција.
Свесна дека многу жени ја следат и ја земаат како пример, Јелена често споделува рецепти и совети за здрава исхрана преку социјалните мрежи. На оние што сметаат дека здравата храна мора да биде скапа, таа им одговара со едноставен и јасен пример.
Нејзината омилена ужина, која во просек чини само 20 денари, е – јаболко. Таа ја покажа на својот профил на Инстаграм, а под фотографијата напиша: „Едно јаболко на ден“, што наиде на бројни позитивни реакции.
Следбениците ѝ порачаа дека пораката што ја испраќа е јасна – здравите навики не мора да бидат скапи, туку достапни и едноставни.
Поврзани објави
Здравствени придобивки од јаболката
Јаболката се меѓу најздравите овошја и се поврзуваат со бројни позитивни ефекти врз здравјето. Редовната консумација може да придонесе за подобра функција на дигестивниот систем и за намалување на ризикот од срцеви заболувања, висок крвен притисок, дијабетес тип 2, дебелина, како и одредени видови карцином.
Истражувањата покажуваат дека јаболката помагаат во намалување на нивото на лошиот холестерол, благодарение на високата содржина на растворливи влакна, што има директно позитивно влијание врз здравјето на срцето.
Покрај тоа, исхраната богата со овошје и зеленчук може да придонесе за одржување на здрава телесна тежина и полесна контрола на килограмите.
Фото: Instagram printscreen/jelenadjokovicndf