Познатата глумица и пејачка Снежана Савиќ отворено проговори за една од најконтроверзните епизоди од својот љубовен живот, признавајќи дека во минатото била во врска со маж кој бил оженет.
Во едно телевизиско гостување, Снежана зборуваше за личните заблуди и погрешни избори што ги направила, истакнувајќи дека за таа врска длабоко се кае и дека денес на неа гледа како на сериозна животна лекција.
Направив многу грешки во животот. Свесна сум за нив и се каам. Имаше работи што не требаше да ги направам. Забранетото овошје не треба да се вкусува, бидејќи избор секогаш постои, а човек сепак понекогаш посегнува по она што не му припаѓа“, изјави Савиќ.
Таа нагласи дека привлечноста кон тој маж не произлегувала од физичкиот изглед, туку од специфична енергија и емоционална поврзаност што во тој момент ѝ изгледала силна и неодолива.
Поврзани објави
Тој не беше ниту најубав ниту најзгоден, но ме привлекуваше нешто друго – енергија што не можев да ја објаснам. Денес знам дека разумот требаше да има предност пред емоциите“, додаде таа.
Снежана Савиќ посочи дека токму ова искуство ѝ помогнало подобро да ги разбере сопствените постапки, како и значењето на одговорноста, моралот и самопочитта.
И покрај тешките признанија, таа и понатаму останува една од најпочитуваните личности на актерската и музичката сцена, позната по својата искреност и подготвеност јавно да зборува за сопствените животни искуства, без разубавување и задни намери.
Фото: Facebook