Во неделата вечерта се случи тешка железничка несреќа во близина на општината Адамуз во покраината Кордоба, јужна Шпанија, кога два воза се судрија по исклучување од шините. Според официјалните податоци, најмалку 39 лица загинаа, а повеќе од 150 патници се повредени.
Возот кој сообраќал на релацијата Малага — Мадрид излетал од шините околу 19:40 часот локално време и влегол на соседната пруга, по што се судрил со друг воз кој патувал од Мадрид кон Уелва. Судирот предизвикал и вториот воз да излезе од шините, а неколку вагони паднале во насип, што дополнително го отежнало спасувањето на патниците.
Спасувачките служби и цивилната гарда известија дека повеќе од 150 лица се повредени, меѓу кои има и четири деца, а најмалку пет лица се во критична состојба. На местото на несреќата интервенираа бројни тимови, вклучувајќи специјализирани единици, пожарникари и медицински екипи, кои се обидоа да ги извлечат преживеаните од урнатините и оштетените вагони.
Tragedy in southern Spain🇪🇸: a high-speed train derailed, crossed tracks, and hit another train head-on.
More than 21 reportedly killed, and at least 100 injured, with 25 suffering critical injuries#Spain | #trainaccident pic.twitter.com/UHas6y2Luk
— Sumit (@SumitHansd) January 19, 2026
Пожарникарите и спасувачите кои први стигнаа на местото на несреќата опишаа дека сцените биле апокалиптични.
Кога стигнавме, владееше целосен хаос. Телата беа разфрлани, луѓето врескаа, а телефоните постојано ѕвонеа покрај телата на загинатите“ – изјавија спасувачите.
Температурaтa билa близу нула, додека преживеаните во паника ги барале свои најблиски. Социјалните мрежи беа преплавени со апели од семејства кои очајнички се обидуваа да дојдат до информации.
Вагонот број осум од возот кој излезе од шините, целосно се превртел. Преживеаните успеале да избегаат од зачадената внатрешност преку разбиените прозорци, додека дел од патниците останале заробени меѓу урнатините до доаѓањето на спасувачките екипи.
Еден од преживеаните патници раскажа дека животот му го спасило тоа што две седишта покрај него биле празни.
Слушнав ужасно силен звук, вагонот се преврте и со цела сила се држев за седиштето. Ги затворив очите. Кога ги отворив, имаше чад, а околу мене беа повредени и мртви луѓе“ – изјави тој.
Причината за несреќата сѐ уште не е позната. Шпанскиот министер за сообраќај, Оскар Пуенте, изјави дека станува збор за „навистина чуден инцидент“, нагласувајќи дека несреќата се случила на рамно делче од пругата кое било реновирано во мај.
Шпанскиот премиер Педро Санчез го откажа своето учество на меѓународни настани и отпатува во Кордоба за да ја следи ситуацијата и да им изрази поддршка на семејствата на жртвите.
Властите соопштија дека причините за несреќата сѐ уште се истражуваат, и покрај тоа што пругата неодамна била реновирана и двата воза биле подложени на зголемени безбедносни стандарди.
Според шпанските медиуми, оваа трагедија е една од најсмртоносните железнички несреќи во Шпанија во последните години и предизвика широко национално чувство на шок и тага.
Фото и видео: Х