Производството на нафтени деривати во рафинеријата во Панчево е обновено денес, а првиот евродизел ќе биде достапен на бензинските пумпи од 27 јануари, информираше министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.
“По прекин од речиси два месеци, производството на нафтени деривати во рафинеријата во Панчево повторно започна денеска! Околу 2,000 вработени се ангажирани во процесот на производство, а евродизелот ќе биде достапен на пумпите од 27 јануари”, објави Ѓедовиќ Хандановиќ на социјалните мрежи.
Таа подвлече дека е горда на исполнувањето на даденото ветување кон граѓаните.
зш/
Извор: МИА
