Почетна ЕкономијаЕвентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на светот“, изјави шпанскиот премиер Санчез

Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на светот“, изјави шпанскиот премиер Санчез

од nenad
1 минути читај за

Шпанскиот премиер Педро Санчез, во разговор за весникот „Вангардија“, предупреди дека евентуално американско воено навлегување на Гренланд би било од огромна полза за Владимир Путин.

„Еден воен ангажман од страна на САД против овој обемен арктички остров, кој припаѓа на Данска, би нанел штета на НАТО и би ја оправдал руската агресија врз Украина“, истакна Санчез.

„Доколку се фокусираме на Гренланд, морам да потенцирам дека една американска инвазија на оваа територија би го направила Владимир Путин најсреќниот човек на планетата. Причината за тоа е што би му се дала легитимност на неговиот обид за напад врз Украина“, изјави тој за „Вангардија“.

„Ако Соединетите Американски Држави применат сила, тоа би било рамно на смртна пресуда за НАТО. Во тој случај, Путин би бил двојно задоволен“, заклучи шпанскиот премиер.

Извор: МИА