6
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека ќе бидат воспоставени давачки од 10 проценти за осум европски држави кои се спротивставуваат на неговиот план САД да го откупат Гренланд.
Во порака објавена на неговата платформа Truth Social, Трамп прецизираше дека овие давачки од 10 проценти ќе стапат на сила на 1 февруари и ќе ги опфатат Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска.
Според неговите зборови, овие царини ќе бидат зголемени на 25 проценти почнувајќи од 1 јуни и ќе останат во сила сè додека не се постигне договор за купување на Гренланд.