Почетна ЕкономијаСловенија со понуда до Хрватска за новата нуклеарна централа Кршко

Словенија со понуда до Хрватска за новата нуклеарна централа Кршко

од nenad
1 минути читај за

Словенија достави формален предлог до Хрватска за изградба на нова, заедничка атомска централа, Кршко 2. Сепак, предложените услови се значително понеповолни за Хрватска во споредба со тековниот модел на управување со нуклеарната централа, каде што секоја страна поседува еднаков, 50-процентен удел.

Според словенечкиот предлог, на кој Хрватска треба да даде одговор до крајот на септември, односно најдоцна до почетокот на октомври, на Хрватска ѝ се нуди само една четвртина од ко-сопственоста во идната атомска централа, без право на одлучување. Според предлогот, дополнителна четвртина би била доделена на словенечката државна енергетска компанија ГЕН, додека словенечката влада би задржала 51 процент од сопственоста на нуклеарната централа, пренесува Нови лист.

Понатаму, според истиот предлог, на Хрватска нема да ѝ биде дозволено да ја користи електричната енергија произведена во Кршко. Наместо тоа, врз основа на нејзиниот сопственички удел, ќе добива четвртина од добивката остварена од продажбата на електрична енергија исклучиво на словенечкиот пазар.

Нови лист потсетува дека пред приближно три месеци, за време на средбата меѓу словенечкиот и хрватскиот премиер на граничниот премин Виница, беше изразена принципиелна подготвеност за градење на нова, ко-сопственичка атомска централа.

Словенечкиот премиер Голоб изјави дека “тие се многу заинтересирани Република Хрватска да учествува во подготовката на тој проект”, но во тој момент немаше индикации за поконкретни чекори и детали поврзани со ко-сопственоста и управувањето со идната нуклеарна централа.

мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА