По дипломирањето, Богдана Ражнатовиќ ја презеде грижата за финансиите во семејниот бизнис
Снаата на Светлана Цеца Ражнатовиќ, сопругата на боксерот Вељко Ражнатовиќ, Богдана Ражнатовиќ, во минатото имала успешна кошаркарска кариера, но со текот на времето донела одлука целосно да го промени животниот правец.
Обврските околу школувањето ѝ оставале сè помалку време за спорт, а по дипломирањето на Вишата бизнис-школа во Белград, насока финансии и сметководство, таа ја презела грижата за финансиските текови во семејната фирма.
Поврзани објави
Покрај образованието, сериозните повреди одиграле клучна улога во нејзината одлука да се повлече од професионалната кошарка. Богдана откри дека имала две тешки повреди, поради кои морала да ја прекине спортската кариера, иако со гордост зборува за постигнатите успеси.
Последните години Богдана е целосно посветена на семејството и мајчинството, а моментално престојува во Русија со Вељко, каде што тој се наоѓа на специјален тренинг-програм за боксери.
Printscreen/Instagram