Со вложување од приближно 30 милиони евра се реализираат мерки за подобрување на животот во Неготино, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски, преку објава на неговата официјална Фејсбук страница.
„Проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5,1 во Неготино претставува значаен инфраструктурен зафат што има за цел создавање на современа, функционална и добро организирана урбана средина. Со проектот се предвидува пробивање и уредување на нови улици со вкупна должина од 550 метри, како и изградба на комплетна комунална инфраструктура што опфаќа водоводна линија, атмосферска и фекална канализација“, напиша Мицкоски.
Тој истакна дека инвестицијата изнесува 29.603.854 денари и е целосно обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт и врски.
„Проектот има долгорочно значење за развојот на Неготино, бидејќи придонесува за рамномерен урбан развој, подобрена безбедност и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, поставувајќи темели за модерен и одржлив град. Се работи за проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“, се наведува во објавата.
Фото: Фејсбук страница на премиерот Христијан Мицкоски