Фото: https://unsplash.com/photos/snow-covered-empty-road-Qc-k0bGDysM
11/01/2026 10:26
ЛОКАЛНО
Од 10:05 часот претпладнево се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, информира ЈП „Македонија пат“.
Како што претходно соопшти, од 09:00 часот утрово е укината забраната за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ што беше воведена синоќа во 21:00, додека од 08:20 часот е укината и забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража што беше воведена ноќеска во 00:25.
