Режисерот и фотографот Дејан Милиќевиќ откри зошто првата верзија на спотот никогаш не била објавена
Режисерот и фотографот Дејан Милиќевиќ откри дека за песната „Kralj ponoći“ пејачката Ана Бекута снимила две верзии на спотот, а првата никогаш не била пуштена поради љубоморен партнер. Според Милиќевиќ, тогашниот дечко на Бекута сметал дека пејачката е премногу откриена во првата верзија и забранил објавување.
Ана имаше само турбан на глава и заврзан пешкир околу себе, беа откриени само рамената и ништо повеќе, но тој велејќи дека е премногу секси за Ана забрани објавување. Потоа, кога таа се раздели, објавивме ја вистинската верзија на спотот“, изјави Милиќевиќ.
Тој објасни дека втората верзија содржи дополнителни кадри, како на пример со „Guči“ очила, кои не одговарале на спотот, но дека тоа било единствениот начин да се објави спотот без проблеми со љубоморниот партнер.
Подсетуваме, Бекута неодамна остро реагираше на изборот на стајлинг на една од натпреварувачките во емисијата „Ѕвездите на Гранд“.
printskrin youtube – blic – bekuta