Почетна ЕкономијаЦените на златото денес повторно забележаа раст од околу два отсто

Цените на златото денес повторно забележаа раст од околу два отсто

од nenad
1 минути читај за

Цените на златото денес повторно забележаа раст од околу два отсто, пред сè поради зголемените геополитички тензии, достигнувајќи ниво од 4.430 долари за унца.

Вредноста на скапоцениот метал нагло порасна по веста дека САД го заробиле венецуелскиот претседател Николас Мадуро, што ги насочи инвеститорите кон побезбедни засолништа за капиталот, објави „Трејдинг економикс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави привремено ќе „управуваат“ со Венецуела, откако Мадуро беше соборен во ненадејна воена операција изведена во саботата.

Државниот секретар Марко Рубио во неделата се обиде да ја ублажи загриженоста, истакнувајќи дека Вашингтон ќе се залага за политички промени, но нема директно да ја администрира земјата.

Во исто време, инвеститорите внимателно ги следат и клучните економски показатели од САД, особено извештајот за состојбата на пазарот на труд, кој се очекува во петок и би можел да даде дополнителни сигнали за идната насока на каматните стапки.

Златото ја заврши минатата година со најсилен годишен раст од 1979 година наваму, поттикнат од засилената инвестициска побарувачка, монетарното олеснување во САД и зголемените купувања од страна на централните банки.