Пејачката откри зошто засекогаш ја прекинала комуникацијата
Пејачката Катарина Живковиќ отворено проговори за тешкиот однос со сестрата по вујко, со која денес веќе не зборува. Како што признава, токму таа ѝ ја нанела најголемата животна болка, иако некогаш биле неразделни и се чувствувале како вистински сестри.
По смртта на вујкото, нивната врска станала уште посилна, а семејството ја доживувало како најблиска роднина. Сепак, според Катарина, таа била предадена и длабоко разочарана, истакнувајќи дека „не ѝ забила нож во грб, туку директно во срце“, што оставило трајни последици.
Поврзани објави
Токму поради длабочината на повредата, пејачката донела одлука целосно да го прекине контактот. Вели дека во овој случај немало простор за разговор или втора шанса, бидејќи болката била преголема за да се надмине.
Дополнителен удар било тоа што не ѝ го честитала раѓањето на синот, иако знаела низ каква борба минувала за да стане мајка. Катарина откри дека две години се соочувала со голем психички притисок и разочарувања, нагласувајќи дека очекувањата и осудите од околината често биле потешки од самата борба.
printskrin youtube – katerina zivkovic