Пејачката откри како зборовите на легендарната авторка ѝ се оствариле во животот
Пејачката Наташа Беквалац откри дека на самиот почеток од кариерата добила важен совет од Марина Туцаковиќ – да внимава какви песни пее. Како што вели, дел од стиховите што ги изведувала подоцна ѝ се оствариле во реалниот живот.
Кон крајот на октомври таа објави нов албум, на кој се наоѓа и песната „Излечена“, која Марина ја напишала пред својата смрт. Беквалац вели дека токму таа песна најдобро ја опишува нејзината сегашна емоционална состојба и процесот на работа на самата себе.
Поврзани објави
Пејачката признава дека годините зад неа не биле лесни и дека најчесто учи преку сопствени грешки. Во себе носи многу болки и рани, но, како што вели, секоја од нив мора да се излечи – веднаш или со текот на времето, кога човек е подготвен.
Таа се присети и на песната „Никотин“, нагласувајќи дека тогаш не била пушач, а подоцна навистина започнала да пуши, што повторно го поврзува со советот на Марина. Инаку, Наташа откри и дека поранешниот сопруг Данило Икодиновиќ ѝ забранил јавно да го споменува.
printscreen/Tv Pink