Атина Ферари тврди дека одбила кариера по секоја цена
Пејачката Атина Ферари откри дека покојниот Шабан Шаулиќ своевремено ѝ се додворувал и дека била негова гостинка во викендичката во Крчедин. Како што раскажа, сè започнало сосема опуштено, без непријатности.
Таа вели дека таму оделе да се дружат, да прават скара и да уживаат, а на запознавањето ја однел Хасан Дудиќ. По извесно време, тврди таа, Шабан почнал да ѝ испраќа пораки и да ѝ нуди подароци, ветувајќи ѝ „кули и чуда“, но секогаш се однесувал како џентлмен.
Иако одбивала скапи работи, следниот пат ја дочекала корпа полна со подароци. Атина нагласува дека никогаш не побарал ништо за возврат и дека во неа гледал потенцијал да стане ѕвезда, иако тогаш не пеела, туку работела како естрадна танчерка.
Поврзани објави
Подоцна ѝ понудил инвестиции во кариерата и дури ѝ напишал песна, но таа искрено му кажала дека не сака врска со него.
Не ми се допаѓаше како маж и немав желудник на тој начин да станам ѕвезда“, изјави таа.
printskrin youtube – saban saulic