Почетна ЕкономијаШпанија и пет земји од Латинска Америка со обединета изјава против обидите за контрола врз Венецуела

Шпанија и пет земји од Латинска Америка со обединета изјава против обидите за контрола врз Венецуела

од nenad
1 минути читај за

Владите на пет држави од Латинска Америка, заедно со Шпанија, во заедничка декларација остро ги отфрлаат сите аспирации за наметнување контрола врз Венецуела, по неодамнешната воена акција на Соединетите Американски Држави.

Шпанија, заедно со Чиле, Колумбија, Бразил, Мексико и Уругвај, изразија сериозна загриженост за стабилноста во регионот, откако американските воздушни напади кулминираа со притворањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, по што беа транспортирани во САД.

Таму тие ќе се соочат со правосудниот систем, обвинети за наркотероризам.

“Изразуваме сериозна загриженост за секој обид за наметнување на владина контрола, управување или надворешно присвојување на природните или стратешките ресурси на Венецуела”, се наведува во соопштението, објавено од Министерството за надворешни работи на Колумбија.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави дека ќе им даде дозвола на американските нафтени компании да ги истражуваат и експлоатираат нафтените наоѓалишта на Венецуела, земја која располага со 17% од светските резерви на сурова нафта.

Трамп, исто така, истакна дека САД ќе “управуваат со земјата” додека не се обезбеди безбедна, соодветна и брза транзиција на власта.