Наполи и Реал Мадрид се последните два тима кои ја завршија големата „осумка“ во Лигата на шампионите, заедно со Милан, Интер, Манчестер сити, Челси, Баерн Минхен и Бенфика во елитното европско натпреварување.
Наполи повторно доминираше против Ајнтрахт Франкфурт со резултат од 3:0, што ги носи до вкупна победа од 5:0 во двомечот. Реал Мадрид стигна до победа од 1:0 против Ливерпул на „Бернабеу“, потврдувајќи го нивниот пласман по убедливиот триумф од 5:2 на гости.
Во мечот во Неапол, германските навивачи предизвикаа безредие на улиците на градот и се соочија со полициски судири, но на теренот беше само еден доминантен тим. Наполи дојде во водство во финишот на првото полувреме, откако Виктор Осимен постигна одличен гол со глава, а потоа Нигериецот стрелна уште еднаш во 53. минута за 2:0. Во 64. минута, домашниот тим доби пенал, но заместо Осимен да го комплетира својот хет-трик, Пјотр Зиелински беше прецизен од белата точка. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса да игра последните 15 минути на местото на Хвича Кварацхелија.

Во Мадрид, Ливерпул имаше голем предизвик пред себе да надополни предноста на три гола на Реал Мадрид. Првото полувреме беше изједначено, со шанси на двете страни, но голманите Тибо Куртоа и Алисон Бекер се покажаа како врвни голмани. Во 78. минута, Винисиус Жуниор успеа да излезе сам пред Алисон, но не успеа да контролира топката, па му ја додаде на Карим Бензема, кој не пропушти да го претвори во гол.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ
Реал Мадрид – Ливерпул 1:0, прв меч 5:2, вкупно 6:2
Наполи – Ајнтрахт Франкфурт 3:0, прв меч 2:0, вкупно 5:0
ЧЕТВРТ-ФИНАЛИСТИ НА ЛШ
Наполи (Ита)
Интер (Ита)
Милан (Ита)
Реал Мадрид (Шпа)
Манчестер сити (Анг)
Челси (Анг)
Баерн Минхен (Гер)
Бенфика (Пор)


Графика: Sofascore за Топспорт.мк