100
Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека до петок ќе завршат анализите за цените на шекерот, јајцата и зејтинот во Македонија. Сепак, тој изјави дека нема анализи за цените на месните производи, овошјето и зеленчукот, и затоа разговара со министерот за земјоделство за да направат анализи. Ако има простор за намалување на цените, Министерството ќе го направи, но до тогаш нема да носи одлука додека не ги има сите влезни податоци.