Пејачката без двоумење откри кого би сакала да ѝ заѕвони на врата во празнично издание
Пејачката Сандра Африка во новогодишно интервју откри кој маж од јавната сцена би сакала да го види пред својот дом како секси Дедо Мраз. Таа призна дека е задоволна од изминатата година, но дека на љубовен план секогаш има простор за изненадувања.
Иако во јавноста се шпекулираше за нејзината блискост со тиктокерот Ѓунта, Сандра уште еднаш истакна дека меѓу нив има само пријателство и соработка. Сепак, низ смеа додаде дека попрво би го видела него во празничен костим отколку поранешниот партнер Владимир Волков.
Во популарниот предизвик „Или-или“, Сандра избираше меѓу неколку познати имиња, а нејзиниот избор падна на пејачот Саша Ковачевиќ. Таа откри дека тој бил нејзиниот фаворит уште од почетокот.
Поврзани објави
Иако во игра беа и Десингерица, МЦ Стојан, како и познатите спортисти Богдан Богдановиќ и Вујадин Савиќ, пејачката беше јасна:
Саша победи – нека го подготви костимот“, порача таа.
printskrin youtube – FullScreen Media – sandra afrika