Почетна Убавина и здравјеМомент што се памети засекогаш: Запросување со „Дупер“ и многу емоции

Момент што се памети засекогаш: Запросување со „Дупер“ и многу емоции

од nenad
1 минути читај за

Во внимателно осмислено изненадување, романтичен чин беше збогатен со жив настап на популарниот бенд „Дупер“, кои со својата музика создадоа совршена атмосфера за еден од најважните моменти во животот.

Емоциите беа силни, насмевките искрени, а изненадувањето целосно успеа. Запросувањето, кое се одвиваше во придружба на нивната музика што многумина ја поврзуваат со љубов и блискост, прерасна во вистинска мала прослава на чувствата и заедништвото.

По настанот, Даниел Ѓорѓиев се огласи со кратка, но искрена порака на социјалните мрежи, упатувајќи благодарност до сите кои помогнале овој момент да биде посебен.
„Голема благодарност до сите што помогнавте, што направивте да биде овој момент толку посебен ❤️“, напиша Ѓорѓиев.