Почетна Убавина и здравјеЏина Џиновиќ донесе конечна одлука – ќерката на Харис потклекна под притисок! Еве ги деталите

Џина Џиновиќ донесе конечна одлука – ќерката на Харис потклекна под притисок! Еве ги деталите

од nenad
1 минути читај за

По серија скандали и негативни коментари, младата инфлуенсерка повторно го деактивираше Инстаграм профилот

Џина Џиновиќ, ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и модната креаторка Мелина Галиќ, повторно го деактивираше својот Инстаграм налог, со што јасно покажа дека сака да се повлече од јавниот живот.

По период во кој се најде во центарот на неколку медиумски скандали, таа одлучила да се дистанцира од социјалните мрежи и од постојаното внимание. Иако до неодамна беше многу активна и имаше голем број следбеници, важeјќи за една од поистакнатите млади инфлуенсерки, оваа одлука, според блиски извори, не била донесена нагло.

Како што открива нејзина пријателка, Џина подолго време била изложена на силен притисок, негативни коментари и непријатни ситуации кои доаѓале со зголемената медиумска експонираност. Сето тоа почнало сериозно да влијае врз нејзиниот мир и секојдневното функционирање.

Иако со години беше присутна во јавноста, често и без сопствен избор, изворите велат дека сега сака да се посвети на себе, образованието и приватните планови. Таа сфатила дека ѝ е потребен одмор и живот подалеку од рефлекторите, барем во овој животен период.

Instagram printscreen/djinadzinovic