Почетна Убавина и здравјеБрза салата што ќе ја снема и пред руската! – Убавина и здравје

Брза салата што ќе ја снема и пред руската! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Оброк-салата која е совршена за новогодишната трпеза, а се приготвува за 30 минути

Состојки:
  • 7 парчиња потпечен леб
  • 3 чешниња лук
  • сол, бибер, црвен пипер
  • 500 г пилешко филе
  • 250 г пченка
  • врзоп свеж магдонос
  • 6 кисели краставички
  • 2 тврдо варени јајца
  • пола главица виолетов кромид
  • 150 г мајонез
Приготвување:

Поврзани објави

На 30 до 40 мл масло, испржете или испечете коцки леб. Додајте неколку чешниња лук. На крај, додајте зачини: сол, бибер, црвен пипер.

Во чинија ставајте по ред: 500 г пилешко филе обарено во солена вода и оладено; 250 г пченка; ситно сечкан магдонос; 5-6 сечкани кисели краставички; 2 тврдо варени јајце; 1/2 главица виолетов кромид.

Додајте сол и бибер по вкус. Потоа, додајте 150 г мајонез. Соединете го сето тоа и послужете на чинија.

ФОТО: Renato Fernandes / Pixabay