Робин Гивенс, позната манекенка и актерка, еднаш се разведе од познатиот српски тренер по тенис и тоа по 8 часа од склучивањето на бракот!Моделот и актерка Робин Гивенс (57) важеше за една од најубавите жени во 1980-тите години на минатиот век. За нејзината популарност говори и тоа што за малку ќе ѝ ја украдеше славата на славната Наоми Кембел.Таа красеше многу насловни страници на најпознатите списанија, а модните дизајнери се натпреваруваа кој попрво ќе ја ангажира. Своето деби на големото платно го имаше во популарната серија „Козби-шоу“, по што следуваше улогата во ситкомот Head of the Class, по што нижеше улога по улога.Сепак, иако сите ѝ предвидуваа блескава кариера и место на А-листата на актерки, скандалите кои засекогаш ѝ го обоија животот го извалкаа нејзиното име и ѝ ја уништија кариерата.Имено, Гивенс набрзо го стекна не баш ласкавиот прекар „девојка за забава“, со оглед на тоа што ги редеше момците како на лента, а нејзиниот турбулентен љубовен живот често беше тема на сите таблоиди.Исто така, во еден момент таа беше најомразената жена во Америка, а беше прогласена и за „спонзоруша“ поради бракот со Мајк Тајсон, поради што сега е повторно, децении по разводот, во центарот на вниманието, благодарение на мини-серијата „Мајк“, во која е опишана нивната турбулентна врска.Нивната врска беше разнишана од самиот почеток. Како што подоцна изјавила манекенката, боксерот често бил насилен кон неа, дури и пред да се венчаат, додека Тајсон по разводот рекол дека е „сериозно трауматизиран од таа врска“. Поврзани објавиНеговото богатство тогаш било проценето на вртоглави 50 милиони долари, а со Гивенс не потпишал предбрачен договор. Во еден момент од нивниот брак, таа си купила замок од 4,3 милиони долари во богатото предградие Бернардсвил, Њу Џерси, со парите од неговата сметка.Гивенс подоцна изјави за Барбара Волтерс дека живеењето со Тајсон е „мачење, чист пекол, полошо од сè што може да замисли“, а потоа продолжи да ја опишува неговата нестабилна природа.Во моментот на разводот, нејзиниот адвокат истакна дека „Гивенс го сака Тајсон, но се плаши за својата безбедност“. Сепак, иако на почетокот беше жртва во очите на јавноста, брзо стана позната по другите работи што ги правеше, вклучувајќи ја и аферата со Бред Пит која ја откри нејзиниот сопруг.Мајк во една пригода раскажа дека ги фатил својата законска сопруга и познатиот актер пред сексуалниот чин, но дека му било јасно што би следело доколку тој не се појавил. Тој исто така додал дека Пит се скаменил кога го видел, што воопшто не е чудно.Кога ме виде, потполно побледе. Јасно се гледаше дека е дрогиран, па почна да ме моли да не го удрам, изјави поранешниот шампион во рингот, кој денеска не го обвинува Пит и го смета за „добро момче“.По разводот, Робин успеа да добие голема сума пари и продолжи да ужива во живот на висока нога. Потоа го запозна Србинот Светозар Толет Маринковиќ, кој бил познат и во високите кругови затоа што им давалчасови по тенис на богати клиенти.Робин го ангажирала како тренер, а потоа одлучиле да се венчаат во 1997 година. Меѓутоа, истиот ден, само 8 часа подоцна, тие поднеле барање за развод, кој бил финализиран неколку месеци подоцна.
Се разведе од Србин по 8 часа, а сопругот го изневерила со Бред Пит – Убавина и здравје
101