Почетна ЕкономијаКолку се очекува да биде инфлацијата за следната година?

Колку се очекува да биде инфлацијата за следната година?

од nenad
1 минути читај за

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, очекува дека годинава ќе заврши со инфлација од околу 4 проценти, што е во согласност со проекцијата на централната банка.

На денешната прес-конференција, во одговор на новинарско прашање, Славески истакна дека за следната година се очекува инфлацијата да продолжи да се намалува и да изнесува меѓу 2,5 и 3 проценти, додека на среден рок се предвидува да достигне историски најниските нивоа од околу 2 проценти.

– Во првите месеци од годината инфлацијата имаше надолен тек, но потоа забрза неколку месеци. Летото забележавме и периоди на дефлација, на пример во август инфлацијата беше -0,2 проценти во споредба со јули. Стабилизирањето покажува дека нагорниот тренд не е траен, а промените од месец во месец се мали. Во октомври растот на цените изнесуваше 4,5 проценти. Проекциите и очекувањата покажуваат дека годишната инфлација ќе биде околу 4 проценти, рече Славески.

Според статистичките податоци, инфлацијата за декември ќе биде објавена на 8 јануари, додека во ноември трошоците за живот на годишно ниво забележаа раст од 4 проценти.