Во 2022 година, “исклучително”, Норвешка заработила петпати повеќе од продажбата на нафта и гас благодарение на рекордно високите цени, според денешното известување на државната компанија “Петоро”. “Петоро” уплатила 528 милијарди норвешки круни (46,6 милијарди евра) во државната каса, што е повеќе од петпати повеќе отколку во “нормална” година, согласно со извештајот. Приходите се за 342 милијарди круни повисоки од 2021 година, бидејќи рускиот извоз се намали, а Норвешка го зголеми уделот во снабдувањето со гас во Европа на 30 проценти. Производството на гас се зголеми за седум отсто, на 109 милиони кубни метри, а просечната остварена цена е зголемена за повеќе од двојно. “Петоро” забележува дека во следните четири до пет години производството на гас треба да остане на истиот ниво како во 2022 година. Просечната остварена цена на нафтата лани пораснала за 48,6 отсто, на 104 долари за барел.
Во 2022 година приходите на Норвешка од продажбата на нафта и гас се зголемија петпати.
80